По повод 8. Септември, денот на независноста на Република Македонија, по четврти пат ќе се се вози велосипедска тура Независност Македонија во која учествува 73 годишниот Ѓорги Кузмановски. Заедно со Кузмановски турата Скопје-Куманово-Пробиштип-
И двајцата ентузијасти се долгогодишни велосипедисти и тренери кои секоја година го прославуваат празникот на независноста со велосипедска тура во различна дестинација.
Оваа традиција планираат да ја прололжат и во наредните години сакајќи меѓу другото да ја подигнат свеста кај повозрасните генерации дека спортувањето и рекреацијата непознава старосни граници.
Претходно се возеа турите:
2012 година Битола- Скопје – 175 км
2013 Скопје – Гевгелија – 165 км
2014 Крушево – Скопје – 150 км
Сојузот на спортови на Скопје како организатор на оваа активност сака да ја истакне важноста на овој подвиг со цел младите да ја согледаат тежината и упорноста на овие врвни велосипедисти славејќи го празникот на независноста.