Меѓународната атлетска федерација (ИААФ) ја одреди сумата за секој срушен светски рекорд на претстојното првенство во Москва. За секој рекорд, таа ќе ги наградува спортистите со 100.000 долари.
Осумтте најдобри натпреварувачи во секоја дисциплина, ќе добијат исто така парична награда. Па така, за златото 60.000 долари, 30.000 за сребро, 20.000 за бронза, а потоа по 15.000 за четврто, 10.000 за петто, 6.000 за шесто, 5.000 за седмо и 4.000 долари за осмо место.