ПМФЛ: Прва победа за Вардар во новата сезона, Шкендија освои бод во Ѓорче Петров

Од:

Екипата на „Вардар“ денеска ја оствари првата победа во новото првенство на ПМФЛ, откако стигна до трите бода во дуелот со тетовска Ренова.

„Црвено-црните“ забележаа победа благодарение на голот на Тигран Барсегјан во 75-тата минута.

Вардарци имаа доминација на теренот и сосема заслужено стигнаа до триумф.

И покрај иницијативата во финишот од средбата на домашниот тим кој се обиде да стигне до гол, сепак, немаше смена на резултатот и „Вардар“ ги освои првите три бода за сезоната 2018/2019.

Во друг натпревар од пладневната програма, шампионот на Македонија, Шкендија одигра без голови против Македонија Ѓорче Петров и по две кола се уште нема победа во новата сезона.

Тетовци имаа неколку стопроцентни шанси да постигнат гол, но сепак немаа среќа на теренот во Ѓорче Петров.

Резултати од 2.коло на ПМФЛ:

Беласица – Академија Пандев 0-2
Македонија Ѓорче Петров – ФК Шкендија 0-0
Шкупи – Победа 0-0

Вчера Работнички беше подобар од Силекс со 2-1.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска