Платини ќе гостува во Скопје на натпреварот Македонија – Белгија

Од:

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Французинот Мишел Платини ќе биде почесен гостин на нашата фудбалската федерација на престојаниот квалификациски натпревар на 22 март на Филип Втори меѓу најдобрите селекции на Македонија и Белгија.

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) легендарниот Французин Мишел Платини ќе биде почесен гостин на нашата фудбалската федерација на престојаниот квалификациски натпревар на 22 март на Филип Втори меѓу најдобрите селекции на Македонија и Белгија.

Следниот ден првиот човек на УЕФА ќе ја отвори новата зграда на ФФМ која се наоѓа во општина Аеродром , информира портпаролот на ФФМ Златко Андоновски.

„Платини доаѓа на 22 март, а си заминува на 23-ти. Протоколот се прави и допрва ќе се дознаат сите активности поврзани со Платини“- изјави Андоновски.

Инаку покрај новиот дом на фудбалот во комплексот крај Вардар во Аеродром ќе има и спортски центар.

ФФМ веднаш до новата зграда каде ќе има канцеларии ,сала за состаноци и конференциска сала, ќе доби и еден прекрасен тренинг центар за репрезентативните селекции во кој ќе има четири терени и една стадион со капаците од 3000 седишта.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска