Планинарски марш за промоција на колибарењето во Малешевијата

Од:

Дваесет планинари од Делчево, Кочани и од Берово викендов организираа планинарски марш низ Малешевските Планини во рамки на проектот промоција и афирмација на природните раритети и историските знаменитости во Пијанец и Малешевијата.

На денешната прес-конференција, Љупчо Чучуковски, претседател на ПСД „Голак“, кој е и организатор на планинарскиот марш , истакна дека маршрутата била со должина од 16 километри, а планинарите ја поминале без никакви проблеми.

– Планинарски марш беше со цел промовирање на колибите на Малешевските Планини, во конкретниот случај промовирање на Митковата колиба на 1315 м.н.в. во месноста Сосна на Малешевските Планини. Мора да истакнам дека овде во регионот сè уште постојат колиби по планините, односно тоа се нарекува колибарење, каде се чува стока и се произведува природна и здрава храна, оттаму идејата дека се интересни туристички и планинарски дестинации со автентична храна, како и градба на самите колиби, рече Чучуковски.

Вкупната должина на патеката е 16 километри во двата правци.

– Почетната точка беше ресорт и спа центар „Аурора“ на 1.031 м.н.в. па Долни Шабан 1.184 м.н.в. па Пипонски Лаки и се до Митковата колиба на 1315 м.н.в. додека враќањето беше по Дебел Рид сè до вливот на Беровското Езеро околу кое направивме една обиколка, рече Чучуковски.

Тој додаде дека со овие планинарски маршеви во Пијанец и Малешевијата сакаат да го промовираат регионот како интересна дестнација за планинарите и дека Пијанец и Малешевијата се карактеристични региони, а ваква промоција неодамна беше организирана и на Спасевските колиби со висина од 1.160 м.н.в. кај месноста Калаџерџево на планината Обозна, од каде е организирано Разловечкото востание 1876 година

Наредна акција на овие планинари ќе биде учество на планинарски марш по повод Денот на планината 11 Декември, а кој е во организација на Федерација на планинарски спортови на Македонија.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска