Планинарски „Февруарски поход” во Неготинско

Од:

Планинарска акција насловена „Февруарски поход”, беше реализирана денеска во Неготинско, во организација на планинарските друштва „Серта” и „Неготино” од овој град.

Неколку десетици планинари од најразлична возраст, чекореа повеќе  часови со паузи, во чест на славниот Февруарски поход од историјата на Македонскиот народ.

– Ниту дождот кој паѓаше не успеа да не спречи да ја оствариме целта и да им оддадеме почит на нашите херои од Народноослободителната војска на Македонија, кои во февруари 1944 година извршиле неколку оперативни дејства на територијата на источна, централна и западна Македонија, рекоа организаторите на настанот, од СПД „Серта” и СПАК „Неготино-МКД”.

Учесниците во планинарскиот февруарски поход со автобус тргнаа од Неготино до неготинско Калањево. Оттаму продолжија пеш до селото Брусник каде што се стоплија со топол чај, а крајната дестинација беше селото Војшанци каде што заеднички ручаа планинарско гравче и се дружеа.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска