Писториус почна да тренира

Од:

Јужноафриканскиот атлетичар Оскар Писториус, кој е обвинет за убиство на својата девојка Рива Стенкап, почна денеска да тренира по пауза од четири и пол месеци.


Тој на својата интернет страница објави дека не планира наскоро да им се врати на натпреварувањата, туку вежба за да ја „надмине траумата и подготвен да го дочека продолжението на судскиот процес“.


Тој е обвинет за убиство на неговата 29-годишна девојка кон средината на февруари, додека параолимпиецот тврди дека пукал во неа мислејќи дека е крадец.


Писториус е пуштен од притвор откако платил кауција од 110.000 долари, но морал да го предаде пасошот и забрането му е да се врати во својата куќа, во која се случи злосторството. Судењето продолжува на 19 август.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта