Пирели подготви помеки гуми за Унгарија

Од:

Раководството на италијанскиот производител на пневматици Пирели најави дека на следната трка од шампионатот во Формула 1 болидите ќе имаат на располагање помеки гуми.

Со овој потег од Пирели очекуваат да се надминат проблемите со гумите кои се појавија на трката за Големата награда на Велика Британија, кога дури четири болиди останаа без задниот лев пневматик кој експлодира во возење и ја загрози безбедноста на возачите.

Следната трка од Ф1 е на 28 јули на патеката „Хунгароринг“ за Големата награда на Унгарија.

Од ексклузивниот снабдувач со гуми на болидите во Ф1 посочуваат дека на оваа трка ќе се користат „мидиум“ и „софт“ пневматици.

– Комбинацијата мидиум-софт е гаранција дека трката во Унгарија ќе помине во најдобар ред што се однесува до пневматиците, изјави Пол Хембери директорот на Пирели за секторот авто-мото спорт.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он