Пипан: Во Љубљана одиме да се прикажеме во добро издание

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Алеш Пипан во пресрет на денешното гостување кај Олимпија изрази надеж дека неговите играчи ќе се претстават во добро светло и покрај проблемите со повредени кошаркари.

– Патуваме за Љубљана со надеж дека ќе се прикажеме во едно добро издание. Во тимот владее добра атмосфера, момците тренираат напорно и сите со нетрпение го очекуваат првиот натпревар. Знаеме дека Олимпија на домашен терен ќе даде се од себе за да ги освои двата бода, па затоа очекувам да имаме тежок натпревар. За нас голем проблем ќе биде неиграњето на Љубичиќ и Протиќ, како и кусиот период за адаптација на Синадиновиќ кој се приклучи на тимот пред два дена. Во секој случај треба да дадеме максимален напор да одиграме добро во одбраната, затоа што само така може да се надеваме на позитивен резултат, изјави Пипан.

Натпреварот Олимпија – МЗТ Скопје Аеродром почнува во 17 часот.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он