Пипан: Важен натпревар за останување во битката за горниот дел на табелата

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Алеш Пипан утрешниот дуел од АБА лигата на неговиот тим со словенечкиот претставник Унион Олимпија го оцени како мошне важен за задржување на шансите за пласман во горниот дел на табелата.

– На гости ни доаѓа опасната и мотиварана екипа на Унион Олимпија, која сигурно ќе сака да ни возврати за поразот што го доживеаја во Љубљана. Имаат млад и доста квалитетен состав. Во последниот период играат одлично, што го покажаа и со победата над лидерот Игокеа во минатото коло. За нас ова е премногу важен натпревар, за да останеме во битка за самиот врв на табелата. Знаеме од каде ни се заканува најголемата опасност, и ќе направиме се за да победиме, изјави Пипан.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Унион Олимпија ќе се одигра утревечер со почеток во 21 часот во СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он