Пипан: Не чека многу работа, мора нешто да се менува

Од:

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром Алеш Пипан по поразот од Олимпија (57:76) изјави дека натпреварот му овозможил да добие вистинска слика за моменталната состојба на тимот и додаде дека го очекува напорна работа да се дојде до посакуваниот ритам.

– За мене најважно беше да видам во каква состојба се играчите, со каква екипа располагам и можам да кажам дека не чека многу работа. Мора да се сменат многу работи, да поставиме нова игра и да изгледаме како вистински тим на МЗТ, нешто што не е случај во моментов, рече Пипан.

Словенецот кој е повратник на клупата на македонскиот шампион побара најмалку две засилувања.

– Добро е што имаме време за да се консолидираме до Супер-лигата, да ги средиме работите, а евидентно е дека ни се потребни и двајца нови кошаркари, еден плејмејкер и некој универзален играч на позиции четири и пет. Свесен сум дека во моментов не изгледаме добро како тим, но можам да ветам дека ќе сториме се за тоа да се промени, потенцира тренерот на МЗТ.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он