Петто финале на US Open за Рафаел Надал

Од:

Шпанецот Рафаел Надал по петти пат ќе игра во финалето на Грен слемот US Open, откако ноќеска во полуфиналето го совлада италијанскиот тенисер Матео Беретини со 3:0.

Во меч кој траеше два часа и 39 минути, вториот турнирски носител првиот сет го доби на тај-брејк 7:6 (8:6), во вториот беше 6:4, а во третиот на противникот му препушти само еден гем (6:1).

Надал кој досега има три титули на Грен слемот во Њујорк, во финалето ќе се сретне со Русинот Данил Медведев кој вчеравечер го совлада Бугаринот Григор Димитров.

Вкупниот награден фонд на US Open изнесува 57,2 милиони долари.

Би можело да ве интересира

Рафаел Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако чувствувам дека можам да се натпреварувам

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се врати на теренот со победа против Флавиo Коболи

Горан Наумовски

Директорот на Индијан Велс разочаран од потегот на Надал

Предраг Петровиќ

Надал се повлече од Австралија Опен

Надал во четвртфиналето на Бризбејн

Надал изјави дека постои можност 2024 година да биде последна во неговата играчка кариера