Перковиќ го одбрани златото од Лондон

Од:

Хрватската атлетичарка Сандра Перковиќ го одбрани златниот медал од Лондон откако имаше најдобро фрлање во финалето во дисциплината диск. Таа имаше само едно успешно фрлање – 69.21 метри (трета серија). Место на подиумот изборија: Мелина Роберт Мишо (Франција) – сребро и Денија Кабаљеро (Куба) – бронза.

Во трискок кај мажите победа „1-2“ за Американците. Златен медал освои Кристијан Тејлор со најдолгиот негов трискок оваа година – 17.86 метри, а со сребро заврши Вил Клај со должина од 17.76 метри. Бронзата му припадна на Бин Донг од Кина, кој имаше должина од 17.58 метри.

На „Форт Копаканаба“ денеска се пливаше машката маратонска трка на 10 километри. Фото – финишот решаваше за медалите, а златото му припадна на Фери Вертман од Холандија, додека сребрен беше Спирос Јаниотис од Грција. Двајцата имаа време – 1:52.59.8 час. Марк Антоан Оливие од Франција беше „побрз“ според техниката од Лијун Зу од Кина. Имаа резултат: 1:53.02.0 час.

Во едрење во дисциплината „ласер“ кај мажите победи Том Бартон од Австралија, пред Хрватот Тончи Стипановиќ и Сем Мих (Нов Зеланд). Во женска конкуренција победи Марит Бувмистер од Холандија, пред Ана Лиза Марфи од Република Ирска и Ан-Мари Риндом од Австралија.

Во кајак кану на мирни води беа одржани четири финални дисциплини, а златните медали ги освоија: Маркус Валц од Шпанија (спринт 1.000 метри); Лиса Карингтон од Нов Зеланд (200 метри); Габриела Сабо и Данута Козак од Унгарија (дубл 500 метри) и Себастијан Брендел од Германија (1.000 метри).

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ