Возачот на тимот „Форс Индија“, Серхио Перез се чини дека се помири со судбината дека оваа сезона ќе биде исклучително тешко да стигне до бодови во шампионатот во Формула 1.
– Навистина е тешко да се задржи мотивацијата. Како да се влезе во трката, кога знаете дека ќе освоите поени само ако се откажат шест или седум други болиди? Но, вие треба да си ја работите вашата работа, истакна Перез.
Перез исто така најави дека се можни грешки и излетувања од патеката.
– Кога сте во таква ситуација, често се случува да се обидете да направете повеќе од вашите можности и тогаш не се исклучуваат и несакани ситуации. Се плашам дека ни претстои борба за претпоследното место, потенцира Мексиканецот.