Натпреварот од четвртфиналето на фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Пелистер и Вардар во Битола ќе се одигра на 7 ноември (среда) со почеток во 13 часот, откако „црвено – црните“ побараа одложување.
Двајца вардарови играчи, Драган Георгиев и Остоја Стјепановиќ се најдоа на списокот на повикани играчи во репрезентацијата за натпреварите со Хрватска и со Србија, па шампионот го искористи правото да побара одложување.
Другите три четвртфинални натпревари ќе се одиграат во закажаниот термин в недела на 14 октомври, а двојките се: Тетекс – Ренова, Дрита – Силекс и Шкендија – Металург.
Реванш натпреварите од четвртфиналето ќе се одиграат на 21 ноември.