Пелистер останува прволигаш, прекин на дуелот Дрита – Еуромилк

Од:

Екипата на Пелистер од Битола го задржа прволигашкиот статус, откако попладнево во Кичево, во баражот за опстанок во лигата го победи Скопје со 1:0.

Стрелец на голот за битолчаните беше Драган Димитровски во 68.минута.

Втората бараж средба за учество во Првата македонска фудбалска лига во сезоната 2013/14 не го дочека својот крај. Во Штип натпреварот Дрита – Еуромилк беше прекинат во 73.минута при резултат 3:2 за Еуромилк.

Причина за прекинот е напуштањето на теренот од страна на фудбалерите на Дрита поради несогласување со одлуката на главниот судија Далибор Ѓорѓески кој досуди пенал за скопјани и му покажа црвен картон на голманот на тимот од Боговиње, Мустафи.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска