Пелистер од Битола се искачи на врвот на табелата во Првата македонска фудбалска лига по одигрувањето на денешните пет натпревари од 9.коло.
Битолчани пред своите навивачи го совладаа Работнички, убедлива победа на домашен терен забележа шампионот Вардар во дуелот со Напредок, а три дуели завршија без победник.
Резултати на денешните пет натпревари од 9.коло во ПМФЛ: Вардар – Напредок 3:0, Македонија ЃП – Шкендија 0:0, Еуромилк – Гостивар 2:2, Пелистер – Работнички 1:0 и Ренова – Металург 1:1.
Вчера Турново ја победи Брегалница со 3:1.
Табела: Пелистер 16 бодови, Металург 15, Брегалница 15, Хоризонт Турново 14, Вардар 14, Ренова 14, Работнички 13, Шкендија 11, Македонија ЃП 9, Еуромилк 7, Напредок 6, Гостивар 6.