Пелистер и Турново „ремизираа“

Од:

Фудбалерите на Турново одиграа нерешено 1:1 на попладневното гостување во Битола кај Пелистер и не успеаја да ги освојат трите бода и да се изедначат на врвот со лидерот Вардар.

Дарко Стојанов во 13.минута им донесе водство на гостите од Турново, а изедначи Симеон Христов во 34.минута, резултат кој се покажа како конечен.

Со освоениот бод Турново се искачи на втората позиција на табелата, додека Пелистер остана на 10.место.

Ова беше заостанат натпревар од 24.коло во ПМФЛ, а на другите натпревари одиграни претходно постигнати беа следниве резултати: Ренова – Работнички 0:2, Силекс – Напредок 0:0, Брегалница – Вардар 1:1 и Тетекс – Шкендија 2:1.

Табела: Вардар 46 бодови, Турново 44, Металург 44, Напредок 36, Работнички 36, Шкендија 35, Ренова 34, Брегалница 29, Дрита 27, Пелистер 26, Силекс 19 и Тетекс 19.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска