Извршниот директор на Коринтијанс го потврди трансферот на досегашниот нивни играч Паулињо во премиерлигашот Тотенхем.
– Сакам да му се заблагодарам на Паулињо за се што направи за Коринтијанс. Никогаш нема да биде заборавен од нашиот клуб. Горди сме што беше наш играч и тој ќе служи како пример за идните наши членови, изјави директорот Андраде.
24-годишниот Паулињо имаше голем придонес во неговата репрезентација при освојување на трофејот во Купот на конфедерации што заврши во неделата.
Англиските медиуми шпекулираат со сума од 17 милиони фунти кои ќе ги исплати Тотенхем за обештетување.