Поранешниот светски рекордер на 100 метри Асафа Пауел (Јамајка) го доведе во прашање резултатот на Џастин Гетлин (САД) од 9,74 секунди истрчан во мај во Доха што е најдобро време годинава.
– Гетлин навистина трча одлично и секоја чест. Сепак, малку повеќе сум изненаден од фактот дека тој својот најдобар резултат го постигна во првата негова трка сезонава, истакна Пауел коментирајќи го резултатот на Американецот остварен на трката од Дијамантската лига во Доха со кој за четири стотинки го подобри личниот рекорд.
И Пауел и Гетлин во своите кариери биле суспендирани поради користиње допинг. Паул на 18 месеци, а Гетлин цели четири години.