Паркер се враќа во декември

Од:

Фудбалерот од средината на теренот на Тотенхем, Скот Паркер, нема да се врати во натпреваруваќки ритам до Божиќ, потврди менаџерот на „спарси“, Андре Вилаш-Боаш.

Паркер, кој ја лечи повредата на Ахиловата тетива уште од Европското првенство во Полска и Украина, не заигра за Тотенхем сезонава, иако мината под водство на Хари Реднап беше еден од клучните фудбалер во тимот.

„Тешко му е затоа што и понатаму има болки што му пречи во заздравувањето. Тоа го спречува и од враќање на терените, иако работи во сала за кревање товар. Враќање околу Божиќ е во рамките на очекуваното“, изјави Вилаш-Боаш кој утре го очекува премиерлигашката средба против неговиот поранешен клуб Челзи.
Триесет и двегодишниот Паркер минатата сезона за Тотенхем настапи на 29 премиерлигашки средби.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска