Пандев: Среќен сум за јубилејот, но најважна е победата против Летонија

Од:

Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Горан Пандев, пред утрешниот јубилеен 100-ти натпревар во дресот на националниот тим против Летонија во квалификациите за ЕП 2020, не го криеше задоволството и посака да го заокружи ова достигнување со победа и гол.

Дуелот се игра утре на Градскиот стадион во Скопје со почеток од 20:45 часот.

– Сигурно дека сум среќен за овој 100-ти натпревар, мој убилеј, но за нас најважно е да влеземе максимално ангажирано во овој натпревар. Се надевам дека на овој јубилеј ќе оствариме победа. Се надевам дека и публиката ќе дојде во што поголем број. Оваа генерација тоа го заслужува, а поддршката е многу важна. Во последните години ја вративме самодовербата на оваа репрезнтација, имаме одлична атмосфера. Функционираме како една фамилија и се надевам дека прва цел е победата, а дури потоа да постигнам гол на овој јубилеј, рече капитенот Пандев.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска