Пандев со симболичен настап на ЕП во атлетика

Од:

Македонскиот атлетичар Ристе Пандев не успеа да го истрча своето најдобро време на една од денешните квалификациски трки на 200 метри на Европското првенство во Цирих, Швајцарија. Тој се пласира на 29. место од вкупно 31 натпреварувач колку што се појавија во квалификациите во оваа дисциплина.

Пандев трката ја заврши со време од 21,96 секунди или 31 стотинка послабо од неговиот рекорд на 200 метри. Со ваквото постигнување, Македонецот зад себе ги остави само Микел Де Са од Андора и Фабијан Халднер од Лихтештајн.

На ЕП во вторникот настап имаше и Христина Ристеска која на 400 метри не влезе во полуфиналето но постигна личен рекорд – 57,47 секунди.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди