Пандев: Нема што да загубиме, ќе го дадеме максимумот

Од:

Горан Пандев капитенот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, смета дека во дуелот против Шпанија нашата селекција нема што да загуби, напротив, ако сите го дадат максимумот Македонија може да направи и изненадување.

Утревечер на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје, фудбалските репрезентации на Македонија и Шпанија ќе го одиграат меѓусебниот дуел од 6. коло во квалификацискиите за пласман на СП 2018 во Русија.

Капитенот Пандев смета дека има простор за изненадување.

– Знаеме дека не очекува тежок натпревар, играме против еден од фаворитите во нашата група. Ќе биде тешко, десетина дена тренираме и максимално сме подготвени, нема што да загубиме, ќе се обидеме да го дадеме својот максимум, истакна Пандев на денешната прес-конференција.

Тој додаде дека „црвената-фурија“ и под водство на новиот селектор Хулен Лопетеги игра одличен колективен фудбал, но како најдобар поединец го издвои Давид Силва како најопасен играч од составот на Шпанците, но вели дека и Илија Несторовски ќе им прави проблеми на одбраната на „фуријата“.

– Шпанците негуваат офанзивен, технички фудбал… Како и претходно со истата филозофија продолжува и селекторот Лопетеги, но ако морам да издвојат поединец, мислам дека Давид Силва ќе биде најголемата закана за нашата одбрана. Се надевам дека преку контра напади можеме да ги изненадиме, потенцира Пандев.

Утрешниот натпревар меѓу Македонија – Шпанија ќе се игра во терминот од 20 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска