Пандев нема да игра со Србија на барање на Наполи

Од:

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев нема да патува и да настапи на дуелот во вторник во Јагодина против Србија.

По барање на неговиот клуб Наполи, македонскиот репрезентативец најверојатно ќе биде ослободен од обврските бидејќи неговата екипа дербито од Серија А со Рома го игра во петок.

Вакво барање тренерот на Наполи Рафаел Бенитез и раководството на клубот имаат упатено и до другите репрезентативци од овој клуб, кои во вторник треба да играат репрезентативни дуели кои се без поголема важност за исходот во групите.

Во нашата репрезентација натпреварот со Србија ќе го „прескокне“ и центрахалфот Ванче Шиков, кој на дуелот во Кардиф го доби вториот жолт картон.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска