Пандев: Играта се заборава, резултатот се памти

Од:

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев изнуди пенал и постигна гол во триумфот над Ерменија по кои „црвено-жолтите“ ја продолжија серијата од девет натпревари без пораз.

Македонија победи со 2:0 и се зацврсти на првото место во Групата 4 од Лигата на нации.

– Тоа е најважно. Во минатото игравме добро и со силни репрезентации, а на крајот останувавме без бодови. Дојде време оваа селекција де реди победи. Имаме квалитет и искуство и во не многу убава игра за око, на крајот на ги освојуваме бодовите. А тие се најважни. Играта се заборава, резултатот останува, изјави Пандев.

Вториот натпревар од втората рунда во оваа група се игра вечерва и во него Лихтенштајн е домаќин на Гибралтар.

Би можело да ве интересира

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска

Бод против Бугарија во Разград: Македонија беше подобра, но не победи

А1он

Повредата не е сериозна – Пандев ќе паузира една недела

А1он

Пеналите одредија три полуфиналисти во македонскиот куп

А1он

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија се одигруваат утре

А1он

Милевски: Италија е фаворит, но за исходот ќе се прашуваме и ние

А1он