Пандев: Гориме од желба за победа, ќе го оставиме срцето на терен

Од:

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, најави голема борба на утрешниот дуел со Косово во полуфиналето од плејофот на Лигата на нации.

-Благодарност до сите кои помогнаа за моето доаѓање. Желбата на сите нас беше преголема јас да дојдам во Скопје. Концентриран сум на натпреварот. Атмосферата е одлична. Знаеме што ни носи овој меч. Жално е што ќе нема публика. Подготвени сме и се надеваме на победа. Сакав да играм пред полн стадион, но такви се околностите. Натпреварите во репезентацијата и во клубот не се исти. За мене ова е последна шанса да се пласирам на едно големо натпреварување. Ќе го оставиме срцето на терен. Гориме од желба да го израдуваме нашиот народ. Знаеме во каков период живее не само Македонија, туку целиот свет, изјави Пандев на денешната прес-конференција.

Тој нема тренирано последните седум дена поради појавата на коронавирус во неговиот клуб Џенова.

-Тешко е без тренинг цела недела, но селекторот ги знае моите квалитети и убеден сум дека правилно ќе ме искористи. Првите минути ќе бидат тешки кога тремата ќе биде присутна, но после петтата минута веќе се ќе се заборави, додаде Пандев.

Натпреварот ќе се игра утревечер со почеток во 20.45 минути на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје, без присуство на публика.

Би можело да ве интересира

Англија ја совлада Ирска

Македонија против Фарските Острови: Реми и многу промашувања

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска