Панчев: Со задоволство би се вратил на „Маракана“

Од:

Дарко Панчев, легендата на македонскиот фудбал, жали поради заминувањето на Роберт Просинечки од кормилото на „црвено-белите“.

„Лично ми е жал што Роби замина. Причините не ги знам. Ќе му се јавам наскоро, бидејќи не сме разговарале откако замина од Ѕвезда. Мислам дека внесе многу новитети во играта на Ѕвезда, која конечно започна да игра фудбал. Драго ми е што на ‘Маракана се враќаат имиња кои многу му дале на клубот“, вели Панчев за Sportal.rs.

Некогаш најдобриот европски стрелец, кој за Црвена ѕвезда постигнал 84 погодоци, би се вратил во клубот, а смета дека само со Џајиќ на чело Црвена ѕвезда може да оди напред.

„Тоа убаво звучи, слушнав шпекулации дека Џаја ќе се врати во Ѕвезда, неговото место е тука. Тој мора да се врати, Џаја и Ѕвезда се неразделни. Само на тој начин клубот може да изгледа како порано. Што се однесува до мене, ќе видиме, можеби ќе се реализира некоја идеја. Сега со постар, многу посериозен, децата ми пораснаа“, изјави Панчев.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска