Падобрански куп во прецизно слетување „Скопје 2020“

Од:

Во организација на Аероклубот Скопје во саботата се одржа Падобранскиот куп во прецизно слетување „Скопје 2020“. На натпреварот учествуваа дваесеттина падобранци кои се обидуваа да стигнат поблиску до целта.

Победник на натпреварот беше ветеранот Антонио Гулевски кој своето водство го круниса со два поена во последниот скок. По него следеа Иван Спиридоновски и Лубомир Нетков.

– Одржувањето на натпреварот беше битно за да се одржи континуитетот на падобранските скокови во ова време-невреме, изјави директорот на натпреварот Драги Рајчин.

Натпреварот беше одржан под покровителство на Град Скопје, Аероклубот Скопје и приватни ентузијасти.

Со натпреварот за прецизно слетување, како што истакнуваат организаторите, се унапредува падобранството и се афирмираат воздухопловните спортови во Македонија.

Поради мерките на претпазливост натпреварот се одржа во рамки на клупските членови и со директна покана.

Би можело да ве интересира

Повреден параглајдерист во Крушево, се пренесува со полициски хеликоптер

Параглајдерист од Швајцарија тешко повреден при пад во прилепско

Параглајдинг натпревар „Маврово Опен 2021″

Ана Ололовска

Во Крушево налето ново првенство во параглајдерство

Жарко Настоски

Крушево ќе добие 4,2 милона денари за реконструкција на полетуваиштето за параглајдерство на Мечкин Камен

Ана Ололовска

Меѓународен параглајдинг натпревар овие три дена на Попова Шапка

Ана Ололовска