Падна одлука: Меси кажа каде ќе ја продолжи кариерата

Од:

Лионел Меси конечно ја најде својата крајна дестинација откако потврди дека заминува од Париз.

Аргентинецот во следните неколку часа и официјално ќе потпише договор со американскиот Интер Мајами.

Меси одби многу попрофитабилна понуда од Саудиска Арабија, од клубот Ал Хилал.

Покрај понудата на клуб од Блискиот Исток, изминативе денови се шпекулираше дека тој би можел да се врати на местото на успехот во Барселона, што дури неколку пати беше потенцирано од неговиот татко и агент Хорхе Меси. Подоцна, сепак, тоа беше демантирано, со оглед на финансиската состојба во Каталонија.

Меси ја напушти Барса пред две лета по 21 година минати во клубот и бројни трофеи и награди.

Инаку, Интер Мајами е основан во 2018 година, а мнозински сопственик на клубот е Дејвид Бекам. Тие јасно веруваат дека Меси е некој кој би можел да ги турне кон трофеи.

За Пари Сен Жермен одигра 75 натпревари и постигна 32 гола со 35 асистенции. Во Франција освои два купа од Лига 1 и Суперкупот, а на крајот на минатата година го исполни детскиот сон освојувајќи го Светското првенство со Аргентина.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мајстории на Меси на отворањето на новата сезона

Шпански медиуми: Меси ја изневерил сопругата со новинарка која ја следи репрезентацијата

Откриени резултатите-познато кој годинава ќе ја освои Златната топка

Главниот услов за враќање на Меси во Барселона е исполнет, одлуката останува на него

Меси го напушти теренот повреден, по него сета публика си замина

Предраг Петровиќ

Телохранителот на Меси месечно заработува цело богатство

Предраг Петровиќ