Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од 14 места на најновата ФИФА ранг листа објавена денеска.
Од противниците на „црвено-жолтите“ во квалификациите за СП најдобро пласирана е Хрватска која котира на осмата позиција. Влез во првата десетка направи и Белгија која скокна за две места во однос на јунското рангирање и сега е 10-та.
Две од три селекции во групата со Македонија назадуваа, Србија е на 41. место, Велс е 46-ти, додека Шкотска со скок од 24 места се искачи на 50-та позиција.
На првите 10 места на јулската ФИФА листа се: Шпанија, Германија, Колумбија, Аргентина, Холандија, Италија, Португалија, Хрватска, Бразил и Белгија.