Пред последниот натпревар од третото коло во англиската Премиер лига помеѓу Арсенал и Ливерпул, фудбалерот на домаќините Месут Озил за клупскиот сајт изјави дека неговата екипа точно знае како треба да одигра за победа.
Тој се повика на априлската победа против истиот ривал од 4:1 и рече дека само треба да се повторат тие перформанси.
– Се сеќавам дека имавме убедлив настап тогаш. Точно знаеме како се победува Ливерпул. Треба да ги повториме перформансите и концентрацијата од тој меч, кога уште во првото полувреме го решивме победникот. Треба само да веруваме во себе и да ги спреведеме идеите на тренерот на терен, изјави германецот.
Менаџерот Арсен Венгер изјави дека во меѓувреме Озил ја вратил самодовербата и го подигнал нивото на игра.
– Месут сега е целосно посветен на клубот. Можеби во првата година му беше малку тешко. Тој дојде од Реал Мадрид и не знаеше колку време ќе му треба да се адаптира, да биде среќен. Верувам дека сега е целосно со нас, посветен и фокусиран на резултатите на клубот, изјави французинот.
Арсенал по првите две кола има половичен учинок од една победа и еден пораз.