Играчот за врска на Арсенал, Месут Озил се исмејуваше со главниот ривал на „топчиите“, Тотенхем. На Твитер, еден навивач го праша Германецот: „Ако имате избор, што би избрале: да играте за Тотенхем или да ја завршите кариерата?
Одговорот на Озил беше:
– Ако не сакав да освојувам трофеи ќе одев таму“.
Тотенхем последен пат стана шампион на Англија во 1961 година, а последниот трофеј го освои во 2008 година кога триумфираше во Лига купот.