Откажани утрешните натпревари од ЕП во ракомет за жени во Нант поради протестите

Од:

Поради протестите во Франција и планираните собири во близина на салата ХХЛ во Нант, каде требаше утре да се одржат натпреварите од групата I на ЕХФ ЕВРО 2018, Европската ракометна федерација во соработка со Организацискиот комитет на ЕХФ ЕП 2018 година одлучи да ги откаже и да ги презакаже натпреварите од второто коло.

ЕХФ и Организацискиот комитет се во постојан контакт со локалните и националните власти со цел да имаат увид во ситуацијата, предизвикана со протестите на „жолтите елеци“.

Поради планираните протести во текот на утрешниот ден нема да има слободен пристап до арената каде требаше да се играат два натпревара.

Натпреварите закажани за утре ќе се одиграат в недела, на 9 декември. Почетокот на средбите останува во истото време.

Новиот распоред е следен: Шведска – Франција (15:00 часот) и Србија – Русија (18:00 часот).

Сите билети купени за двата натпревара на 8 декември ќе важат за натпреварите в недела.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски