Раководството на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром по поразот од Фени Индустри го отпушти словенечкиот стручњак Змаго Сагадин, а за нов тренер доцна синоќа го назначи Врбица Стефанов.
За поранешниот македонски репрезентативец и играч на МЗТ Скопје ова ќе биде прв тренерски ангажман во еден сениорски тим. До неодамна тој ги предводеше младинците на овој клуб.
40-годишниот Стефанов во својата играчка кариера покрај за МЗТ настапувал и за Работнички, Пинар Каршиака, АЕК, Монтепаски, Фебнербахче, Црвена Звезда, Олимпијакос, Мерсин и Менорка.