Дејан Георгиевски награден со 1,8 милиони денари за среброто во Токио

Од:

На нашиот претставник на Олимписките игри во Токио кој се закити со сребрен медал во дисциплината таеквондо Дејан Георгиевски ќе му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари, одлучи Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 92-ра седница.

Како што соопштија од владината прес-служба, со одлуката парична награда ќе добие и неговиот тренер Дарко Костовски на кого ќе му бидат доделени 600.000 денари.

Освојувачот на сребрениот медал во таеквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.

Би можело да ве интересира

Теквондистот Георгиевски освои бронза на „Президент купот“ во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Георгиевски и Акиевска најдобри македонски спортисти за 2021

А1он

Дејан Георгиевски најуспешен спортист на Скопје за 2021 година

Катерина Ѓуровски

Наградата за сребрениот олимпиец Дејан Георгиевски зголемена на 42 илјади евра

Катерина Ѓуровски

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска