Остин доби зелено светло од Формула 1

Од:

Чарли Витинг, директор на трките во Формула 1, не штедел пофални зборови за патеката во Остин и дал зелено светло за одржување на трката за Големата награда на САД.

Патеката во Остин добила највисоки оценки и истата, која е претпоследна во календарот на Формула 1, ќе биде одржана на 18. ноември.

„Она што го видов е апсолутно првокласно, а напредокот кој е постигнат, од мојата последна посета во јуни, навистина е чудесен“, изјавил Витинг, дополнувајќи дека Формула 1 од оваа патека ќе го добие токму она што го очекува.

Првиот човек на трките во Формула 1 нагласил дека во три до четири кривини е можно претекнување.

„Кривината број еден е неверојатна. Тоa е единствениот збор на кој можам да се сетам. Убеден сум дека и возачите ќе го помислат истото кога ќе дојдат тука““, рече Витинг.

Последната посета на патеката во Остин ќе ја има на 12. ноември.

Би можело да ве интересира

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он

Хамилтон: Болидот како да не сака да биде подобар

А1он