Османи: Фокусирани сме само на Салцбург

Од:

Тренерот на Шкендија, Ќатип Османи во пресрет на реваншот во 3. коло од квалификациите за Лигата на шампионите против Ред Бул Салцбург, рече дека неговите ќе се обидат да се реваншираат за високиот пораз (0:3) на првиот меч во Австрија.

– Добро ја анализиравме играта на првиот натпревар. Головите што ги примивме се поради наши грешки. И ние создадовме шанси. Ќе се обидеме да победиме. Ќе играме максимално до самиот крај без калкулации. Фокусирани сме само на утрешниот дуел, а за понатаму ќе размислуваме зависно од исходот, рече Османи.

Тој најави мали промени во составот во однос на првиот дуел.

– Ќе има многу мали промени во однос на тој натпревар, додаде Османи на денешнатаљ прес-конференција.

Оптимист дека Шкендија може да дојде до подобар резултат е и Висар Муслиу.

– Ни фали малку европско искуство. Имаме силен противник кој редовно е во евро-куповите. Но, и тие имаат по две нозе исто како и ние, рече Муслиу.

Натпреварот е закажан за утревечер на „Филип Втори“ во Скопје со почеток во 20 часот и 15 минути.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска