Олимпискиот оган тргна од античка Олимпија кон Токио, свечената церемонија се одржа без публика

Од:

Во античкиот храм на божицата Хера, во древна Олимпија, од зраците на сонцето беше запален олимпискиот оган за ЛОИ и започна штафетното предавање на патот кон Токио.

За прв пат во историјата, првата и последната штафета на грчка територија им е доверена на жени, а олимписката шампионка на Грција во стрелање Ана Коракаки, го почна штафетното предавање.

Свечената церемонија, поради превентивните мерки за коронавирусот се одржа без публика, со само 100 поканети претставници од Меѓународниот олимписки комитет и организациониот комитет „Токио 2020“ и со намален број новинари, a во присуство на претседателот на Грција Прокопис Павлопулос, претседателот на Меѓународниот Олимписки комитет Томас Бах, претседателот на Грчкиот Олимписки комитет Спирос Капралос, потпретседателот на ЕК Маргаритис Схинас, како и претставници на грчката влада, јави дописничката на МИА од Атина.

Според информациите во грчките медиуми, Схинас ќе биде дел и од штафетното предавање на олимпискиот оган.

Олимпискиот оган преку 31 грчки град, по поминати 3500 километри, 15 археолошки локалитети, 3500 километри, 822 наутички милји, следната седмица, на 19 март, ќе пристигне на Олимпискиот стадион во Атина и ќе им биде предаден на организаторите на Летните олимписки игри во Токио.

Олимпискиот оган ќе патува на Пелопонез, оттаму преку атинското пристаниште Пиреас ќе стигне на островот Крит, па повторно назад во грчката престолнина за да замине за северна Грција и на крај, по седум дена да се врати во Атина и да преноќи на Акропол пред да им биде предаден на организаторите.

Во штафетното пренесување на факелот со олимпискиот пламен низ Грција, оваа година, за прв пат имаа можност да учествуваат и обичните граѓани, а во грчкиот Олимписки комитет стигнале 2.500 пријави.

Летните олимписки игри во Токио треба се одржат на 24 јули 2020, а да траат до 9 август 2020.

Би можело да ве интересира

Реал нема да ги пушти своите играчи да играат на ОИ

На Надал му е забранет настапот во Париз

Предраг Петровиќ

Лондон нема да прифати квалификации за ЛОИ 2024 година поради учество на руските спортисти

Апсења во Јапонија за корупција поврзана со спонзорски договори за Олимписките игри

А1он

Дехари со македонското знаме на отворањето на Зимските олимписки игри во Пекинг

Катерина Ѓуровски

Бах: Игрите во Пекинг ќе се одржат според распоредот

А1он