Олимпискиот комитет на САД се извини за однесувањето на пливачите

Од:

Олимпискиот комитет на САД се извини за ,како што се вели, неприфатливото однесување на своите пливачи, за инцидентот по кој бразилската полиција ги обвини четворицата Американци дека „лажат и измислуваат“ разбојништво врз нив, за да го прикријат инцидентот и „штетата што ја направиле“.

Полицијата во Рио де Жанеиро, која испрашуваше тројца од пливачите, добитници на златен медал во штафетно пливање, инсистира дека тие не биле жртва на никаков криминал.
Двајца од нив, Гунар Бенц и Џек Кингер, синоќа заминаа од Бразил, додека ѕвездата на „четворката“ Рајан Лохти отпатува уште во понеделникот. Во Рио остана само уште Џејмс Фејгин.

Првите двајца, во средата вечерта беа симнати од авионот пред да полетаат за САД и одведени во полициска станица на сослушување, откако мајката на Лохти за телевизијта Ен-Би-Си изјави дека нејзиниот син и другите тројца, биле „ограбени“ на една бензинска пумпа.

Бразилците остро реагираа со тврдењето дека немало грабеж и разбојништво„ туку дека Американците скршиле врата од тоалет и платиле за штетата.

Шефот на полицијата во Рио де Жанеиро уште тврди дека интервенцијата на обезбедувањето на бензинската пумпа, било „сосема оправдано“ како што се оправдува и тоа што еден од обезбедувањето го вперил својот пиштол кон пливачите, по што тие платиле за штетата.
Американски правни експерти тврдат дека, во теорија, вперен пиштол за да се наплатат пари претставува насилен грабеж, без разлика на тоа што за четворицата пливачи се знае дека биле „под алкохол“.

За целиот случај тие не ја известила полицијата, а ниту претставниците на ОК на САД, што Бразилците го користат како аргумент за тврдењето дека американските пливачи „излажале“.
Полицијата се закани дека сите четворица, заедно со Лохти, може да бидат обвинети за „лажно сведочење и вандализам“ па Олимпискиот комитет на САД, извинувајќи се, практично, прифати дека само пливачите се виновни за инцидентот.

Портпаролот на МОК и на Организациониот комитет на Игрите во Рио, претходно, настојуваа да ја смират работата, објаснувајќи го инцидентот со младоста на спортистите и со нивното опуштање по освоениот златен медал.

Рајан Лохти е еден од најуспешните пливачи во историјата, со освоени 12 олимписки медали.

Дел од медиумите во САД, меѓутоа, го осудуваат неговото однесување во Рио прикажувајќи го како грдата страна на неговата личност.

Би можело да ве интересира

Две лица загинаа при уривањето на две згради во Рио де Женеиро

Амбасадата во Бразил со упатство до посетителите на годинешниот карневал во Рио

Наум Локоски

Македонка освои злато на Параолимпијадата, но за Хрватска

Емир Латифовиќ

Наковска – Бикова го освои 4.место во дисциплината 50 метри воздушен пиштол

Емир Латифовиќ

Ново финале за Оливера Наковска – Бикова на Параолимписките игри во Рио

Емир Латифовиќ

Параолимпиец трчаше побрзо од олимпискиот првак

Емир Латифовиќ