Олимпискиот шампион на 200 метри од Атина 2004, Шон Крафорд доби забрана за настап на две години поради позитивна допинг мостра.
Казната на 35-годишниот спринтер влегува во сила од 17 април 2013 година, а сите негови резултати од 17 ноември 2012 година се поништени.
Крафорд освои сребрен медал на 4х100 метри во Атина 2004 и на 200 метри во Пекинг 2008.
Американецот има бронзен медал на 200 метри од Светското првенство во Едмонтон во 2001 година.
Тој е светски шампион во сала на 200 метри од Лисабон 2001 и вицешампион на 60 метри од првенството во Будимпешта во 2004 година.