Македонскиот првак, МЗТ Скопје Аеродром синоќа во СЦ Борис Трајковски беше поразен од Унион Олимпија со 87:76 што значеше реванш на гостите од Словенија за нивниот пораз во Љубљана. Ова беше натпревар од 20.коло регионалната кошаркарска АБА лига по кое македонскиот претставник има биланс од 10 победи и исто толку порази.
Тодор Гечевски со 26 и Кирил Николовски со 17 поени беа најефикасните во домашниот состав.
„Аеродромци“ имаа сили на силниот противник да му се спротистават само во првото полувреме кое го завршија во своја корист со 42:36, но повредените играчи и недоволно опоравените ја намалија можноста за ротација и очигледниот пад во играта во второто полувреме е причината за поразот на МЗТ.
Резултати на другите вчерашни натпревари: Цибона – Будуќност 60:73, Шолнок – Црвена Звезда 83:96, Задар – Широки 76:81 и Партизан – Сплит 68:59.
Последните два дуела од ова коло се закажани за денеска. Лидерот Игокеа ќе ја пречека Цедевита, додека Крка е домаќин на Раднички.
Табела: Игокеа 15-4 (победи-порази), Црвена Звезда 14-6, Партизан 13-7, Будуќност 12-8, Раднички 11-8, Цедевита 11-8, Унион Олимпија 11-9, МЗТ Скопје Аеродром 10-10, Крка 8-11, Цибона 7-13, Широки 7-13, Задар 7-13, Сплит 7-13, и Шолнок 5-15.