Двајца атлетичари во скок со стап го завршија настапот на Олимписките игри во Токио уште пред да почнат поради позитивни тестови на коронавирус, а неколку членови на австралискиот тим се во изолација.
Како што јавија светските медиуми, олимпиското натпреварување во скок со стап ќе биде посиромашно за двократниот светски првак Сем Кендрикс, како и за аргентинскиот натпреварувач Герман Чиаравиљо.
Неколку членови на австралискиот тим, кои биле во контакт со Кендрикс, се во изолација како мерка на претпазливост.
– Членовите на австралиската делегација се изолирани во своите соби по веста за позитивен наод на Ковид-19 кај американскиот атлетичар, соопшти Австралискиот олимписки комитет.