Натпреварувачите од Кина ја продолжуваат доминацијата на ОИ во Рио, кога се во прашање натпреварите во синхронизирани скокови во вода.
Откако Кинезинките, Ши Тингмао и Ву Минксиа победија во скокови од даска од три метри, тоа го сторија и нивните сонародници Чен Аисен и Лин Јуе со скоковите од 10-метарска платформа.
За својата изведба, како и тежината на скоковите кои ги првеа, тие заработија убедливо најмногу бодови од судиите (451,98), оставајќи ги далеку зад себе конкурентите, Американците Дејвид Будија и Стили Џонсон (457,11 бодови) кои се закитија со среброто.
Бронзата ја освоија Британците Томас Дејли и Дениел Годфелоу кои собраа 444,45 бодови.
Потсетување дека кинеските натпреварувачи во осумте финални дисциплини во скокови во вода пред четири години во Лондон освоија шест злата, во Пекинк седум, а во Атина шест најсјајни олимписки одличја.