Охрид викендов домаќин на Државното првенство во атлетика

Од:

Во деновите на викендот во Охрид ќе се одржи Државното првенство на Македонија во атлетика во сениорска конкуренција. Организатор на натпреварот е Атлетската федерација на Македонија, а во текот на двата дена ќе се одржат 17 дисциплини. Воедно натпреварот има изборен карактер за претстојното Европско екипно првенство – III лига кое ќе се одржи на 24-25 јуни во Марса, Малта.

Покрај ова натпреварување на 10.јуни во Тетевен, Бугарија ќе се одржи 9-тото Балканско првенство во планинско трчање за сениори и сениорки и за младинци и младинки на кружна трка со должина од 4.300 метри. Во младинска категорија ќе се трчаат два круга, а во сениорска категорија три кругови.

Македонија ќе ја претставуваат: Рената Соколовска (младинки), Андријана Поп Арсова (сениорки), Матеј Драгановски (младинци), Атанас Анчевски, Кокан Ајановски и Филип Симоновски (сениори).

Би можело да ве интересира

Мартин Гоџоски го фати крстот во Охрид

Катерина Ѓуровски

Срби се истепале пред ноќен клуб во Охрид

Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е