Измамник од охриѓанка зел скоро 5.000 евра

Од:

Полицијата извести дека вчера во СВР Охрид, 53 – годишна жена од Охрид пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 300.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило пред две недели и ја известило дека поради зголемување на вредноста на биткоинот, нејзината уплата од од 250 евра пораснала и во нејзиниот електронски паричник сега имала 16.500 долари.

Исто така, според пријавеното, лицето од побарало од неа да спушти една мобилна апликација и да има пари на нејзината трансакциска сметка доколку сака да ги подигне парите. Како што е пријавено, таа ја спуштила апликацијата и подигнала кредит од финансиско друштво, а по некое време откако отишла во банка била известена дека парите биле префрлени на сметка на друго лице, по што сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Измама со билети вредни милион долари во познатиот Лувр

Горан Наумовски

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он

Тетовка измами маж, го излажа дека е бремена и му зема 18.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

Татко и ќерка со години мамеле галерии со лажни дела на Пикасо и Бенкси