Татко и ќерка со години мамеле галерии со лажни дела на Пикасо и Бенкси

Од:

Татко и ќерка од Њу Џерси се изјаснија за виновни за долгогодишна шема за фалсификување уметнички дела во која ги измамиле галериите и аукциските куќи продавајќи лажни слики од познати уметници, вклучувајќи ги Пабло Пикасо и Бенкси.

Според обвинителите, Ервин Банковски (50) и Каролина Банковска (26) ангажирале уметник во Полска да создаде најмалку 200 фалсификати, користејќи ги имињата на познати автори како Енди Ворхол и други, измамувајќи ги купувачите за најмалку 2 милиони долари, објави Гардијан. Обвинителите велат дека делата често биле копии од помалку познати дела од познати уметници и биле продавани преку аукциски куќи и галерии во САД, вклучувајќи неколку познати аукциски куќи кои подоцна соработувале со властите.

Еден од најскапите фалсификати бил продаден за околу 160.000 долари, додека други слики покренале сомнежи откако експертите забележале неправилности во материјалите и ознаките на задната страна од уметничките дела.

Двојката се изјаснила за виновна на суд и изразила каење, додека се соочувала со можни затворски казни, парични казни и депортација.

Американскиот обвинител Џозеф Ночела помладиот рече дека случајот покажува како обвинетите со години ги мамеле купувачите претставувајќи се како легитимни трговци со уметнички дела, додека експертот за уметнички криминал Ерин Томпсон рече дека единствената необична работа во врска со овој случај е што фалсификаторите биле откриени, истакнувајќи дека пазарот на уметнички дела често е склонен кон измами.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Бугари измамиja 79-годишна жена кај Дубровник – и собраа 8.000 евра за „операција на нејзината внука“

А1он

Екс вработен во Катастар измами скопјанка за околу 2.000 евра за приватизација на земјиште

А1он

Во Белград се уапсени измамници од Македонија и Франција

Горан Наумовски

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

Пронајдени две украдени слики од Реноар вредни 9 милиони евра – уапсени шестмина осомничени

А1он