Охрид подготвен за претстојното ЕТУ Балканското првенство во триатлон

Од:

Градот Охрид од 14-16 септември ќе биде домаќин на ЕТУ Балканското првенство во триатлон 2018. Македонската триатлон федерација која заедно со локалниот организатор Спорт за сите – Сите за спорт од Охрид се целосно подготвени за претстојниот настан. Тоа се должи благодарение на поддршката од Агенција за млади и спорт, општина Охрид и Македонски Олимписки комитет.

– Сакам да упатам благодарност до Македонската триатлон федерација за заложбите кои ги направи за организација на Европскиот триатлон куп и Балканското првенство во триатлон, каде Охрид ќе биде домаќин од 14-ти до 16-ти септември на 20 држави учеснички од различни категории, истакна Дарко Каевски, директор на Агенција за млади и спорт на Република Македонија.

Учесниците ќе се натпреваруваат во осум категории: Елит (мажи и жени), Јуниори (мажи и жени), и Кадети (мажи и жени) Рекреативци (мажи и жени).

– Верувам дека ова ќе прерасне во една голема трка, во Европски куп кој ќе се одржува понатаму.“, порача Гордана Николовска од Сојуз на спортови.

Главните трки на ЕТУ Балканското првенство во триатлон се:

Елит (1998 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

Јуниори (1999-2002): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање;

Кадети (2003-2005): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање.

Би можело да ве интересира

280 учесници на Stopanska Triogy Triathlon 2023 утре во Скопје

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

ВИДЕО: Премиерот Ковачевски му врачи стипендија на младиот пливач Марко Пејчиновски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Преку ваучерскиот систем спортистите имаат сигурен партнер

Ана Ололовска

Крива Паланка ќе добие нова фитнес зона

Ана Ололовска

Мојсоски на регионална конференција во Тирана

Ана Ололовска