Челси официјално објави привлекување на нов голман – Едвард Менди од Рен. Сенегалецот доаѓа на „Стемфорд Бриџ“ поради слабата форма на сегашниот актуелниот носител Кепа Аризабалага, кој прави многу грешки. „Сините“ ќе платат 25 милиони евра, а самиот играч се вврза за клубот за пет сезони.
See you soon, Edouard! ?#WelcomeMendy pic.twitter.com/ElkbbifmQj
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 24, 2020
Менди е осмиот нов играч во Челси ова лето по Хаким Зиеш, Тимо Вернер. Ксавиер Мбујамба, Бен Чилвел, Тиаго Силва, Маланг Сар и Каи Хаверц.
Дваесет и осум-годишниот голман доаѓа по препорака на лондончанската легенда Петер Чех, кој е и спортски директор на клубот. Пред 16 години, Чехот го направи истиот трансфер – од Рен во Челси.
Менди е роден во Франција, но избра да игра за Сенегал, татковината на неговата мајка. Неговиот татко е од Гвинеја-Бисао.