Меѓународната велосипедска федерација и официјално му ги одзема сите 7. шампионски титули на американската ѕвезда Ленс Армстронг освоени на најпрестижната велосипедска трка во светот, Тур де Франс.
Одлуката е очекувана и следи откако Американската антидопинг агенција неодамна соопшти дека има несоборливи докази дека Армстронг е главната фигура во еден од најсофистицираните, најпрофесионалните и најуспешно изведените допинг програми, кој траел со години и во кој биле вмешани повеќе лица.